Дизајн и развој на веб страни
Стручниот тим на Радик – Системи обезбедува услуги за дизајн и развој на веб страници за организации, бизнис компании и онлајн продавиници користејќи ги најновите и докажани веб-технологии. Над 85% од корисниците кои посетуваат веб страна на некоја компанија или давател на услуги пред да купат или побараат услуга донесуваат одлука базирана на нивното искуство на интернет: изгледот на веб страната, колку се корисни информациите и каква е пристапноста до информациите на веб страната. Одтука следи дека добро дизајнираната веб-страница е основна потреба бидејќи ја претставува организацијата или бизнисот. Ако вашата презентација не е добра, тогаш може да остави лош впечаток кај потенцијалните клиенти. Вашата веб страница ви помага да им покажете на вашите клиенти, што можете да направите за нив и да им овозможите лесен начин да ве контактираат.
Нашата примарна цел е да обезбедиме квалитетни услуги и да развиеме посебен пристап за да стигнеме до вашата целна публика. Ние ви помагаме да ја промовирате вашата деловна активност на најефикасен начин. Добро дизајнираната веб страница е главна компонента на нашата стратегија. Ние сме квалификувани и искусни да ги доставиме најдобрите решенија за вашата веб страница. Услугите за дизајн и развој на веб страни користат најнови веб технологии и вклучуваат
- Дизајн прилагоден за секоја големина на екран или резолуција (паметни телефони, таблети и десктоп монитори)
- Читлив код и
- Оптимизирана брзина на страницата
Технологии
FRONT-END
HTML, CSS, HTML5,JAVASCRIPT
BACK-END
PHP, NODE.js
CMS
WORDPRESS, JOOMLA
DATABASE
MYSQL, MONGO DB, POSTGRES
За Радик – Системи важно е интернет да биде достапен за сите со цел да се обезбеди еднаков пристап и еднаква можност за лицата со посебни потреби. Достапна веб страница може да им помогне на лицата со посебни потреби да учествуваат поактивно во општеството. Оттука, Радик – Системи дизајнира веб-страници за луѓе кои се слепи или имаат нарушувања во видот, дислексија и други специфични тешкотии во учењето. За оние кои не се во можност да читаат визуелни информации, говорниот излез овозможува нов вид на независност.
Направете ја вашата веб-страница не само достапна, туку и корисна за сите. Секој треба да има можност да пристапи до содржините поставени на интернет.