Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или мобилна апликација. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни и согласно Законот за заштита на лични податоци.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Радик Системи Дооел Скопје, со седиште на ул. Ботун бр. 33б, Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата интернет страна radik-systems.mk и мобилните апликации. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна и мобилна апликација како и за одржување на информациска сигурност на нашата системот.
Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна и/или мобилна апликација, серверот за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 10 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашиот систем.
- Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна и мобилна апликација, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна и/или мобилна апликација, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
- преку нашиот email: info@radik-systems.mk
- преку пошта.
Категориите на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Радик Системи ДООЕЛ Скопје, ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Радик Системи ДООЕЛ Скопје и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Радик Системи ДООЕЛ Скопје.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на irena@radik-systems.mk
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во Радик Системи ДООЕЛ Скопје.